Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Фрлајте Ајфони наместо бомби

Мобилни

Фрлајте Ајфони наместо бомби

Поранешниот американски маринец Јоко Вилинк даде интересен предлог за решение на кризата со Северна Кореја.

Идејата не вклучува никаква посебна стратегија, специјални операции или напади, но експерти сметаат дека таа би била извонредно ефективна.

Имено, ветеранот предлага – наместо бомби, САД да фрлаат Ајфон телефони во Северна Кореја.

– Фрлете 25 милиони Ајфони и преку сателит овозможете бесплатен Ви-Фи, напиша тој на Твитер.

И додека предлогот засега е далеку од каква било реализација, експертот од Стимсон центрот, Јун Сун, кој по потекло е од Северна Кореја вели дека тоа навистина би успеало.

– Ким Џонг-ун сфаќа дека штом (севернокорејското) општество се отвори и народот во Северна Кореја разбере што му недостасува, Кимовиот режим нема да биде одржлив, образложи Сун.

Тој натаму потсетува дека кога Јужна Кореја со балони пушташе летоци и ДВД дискови кај својот северен сосед, властите во Пјонгјанг одговараа со воена готовност.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Мобилни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.