Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ГЕНИЈАЛЦИТЕ НИЗ ИСТОРИЈАТА: Архимед

Генијалците низ историјата

ГЕНИЈАЛЦИТЕ НИЗ ИСТОРИЈАТА: Архимед

„Дајте ми потпора и ќе ја сменам Земјата” – Архимед

Генијален ум од времето на Античка Грција ( 287-212 п.н.е) запаметен по бројот Pi, волумен и површина на топката, закон за телата потопени во течност, пужна пумпа или навој, катапулт, небесен глобус, како и низа научни истражувања од домен на математика, физика и астрономија.

Неговиот свет на идеи, во пракса ретко кој ги препознавал. Таква е судбината на генијалните идеи, осудени се од просечната толпа до која не допираат. Од малкуте биографски податоци и документи забележано е дека бил предодреден за наука, на која ѝ се предал до крај на животот. Роден е во Сиракуза на Сицилија, (се наоѓала помеѓу Картагина и Римско Царство), со која владеел кралот Хијерон II, заинтересиран за прогрес на науката. Потекнува од угледно и богато семејство, татко му од мала возраст го учел на астрономски вештини за набљудување. Ќе стане познат астроном и инженер, но жеден за учење заминува за Александрија, финансиски, политички, воен центар на Египет и на хелинистичката култура. Тука се наоѓал и Музејонот, академски истраживачки центар со музеј, библиотека, универзитетски сали, посебни простории за научни истражувања, ботаничка и зоолошка градина.

Во тогаш најголемата библиотека се наоѓале околу 700 000 книги – вистинска мека за философот Стратон, астрономот Аристарх и таткото на геометрија Еуклид, со кого Архимед нема да има среќа да се запознае (умира пред неговото доаѓање).Ќе се зближи и соработува со математичарот Еуклид, со Конон (познат по тоа што му дал име на созвездието Coma Betenices) и Ератостен, директорот на библиотеката во Музејонот. Архимед скришно работи врз својот изум за пумпање вода ( пужна пумпа или навој), конструиран за наводнување на обалата крај реката Нил. Подоцна ќе му биде инспирација за скица на Леонардо де Винчи.

Старите Грци го сметале кругот за најубав геометриски облик, затоа Господ ги создал Сонцето, Месецот и sвездите во облик на топка. Архимед ќе најде начин за пресметување површина на круг и формула за негов обим, преку бројот 3,14 познат како Pi. Еден од неговите пријатели oд научниот круг, ќе му ја украде идејата за круговите што многу ќе го вознемири. Испраќа писмо до колегите : ,,Би сакал уште еднаш да ги анализирам теоремите што ви ги испратив меѓу кои две се погрешни. Нив намерно ги уфрлив, во случај ако некој ги присвои како свои, да одговара за тоа” Генијално писмо, патем напишано на дорски дијалект од родниот град за да се разоткрие лажно претставување во негово име. ,,Против знаење се бори со знаење”. ,,Проблем Bovinum” или Проблем на крави и бикови : ,,Колку крави и бикови има во Сончевото стадо, што пасело некогаш по полиња Тринакијски, пресметај странецу со умствен напор ако мудроста ти е својствена” Во стадото биле 4 групи говеда со различни бои: бели бикови 1/2 + 1/3 црни + вкупниот број жолти бикови.Црни бикови 1/4 + 1/5 шарени + вкупниот број жолти.Односот со крави бил следниот: бели крави 1/3 + 1/4 од вкупниот број црни крави, додека бројот на црните крави бил 1/4 + 1/5 шарени крави. Конечно жолти крави биле 1/6 + 1/7 од вкупниот број бели крави. Проблемот бара да се пресмета бројот на бикови и крави од сите 4 групи со вкупно 8 променливи ,= систем на линеарни равенки.

Проблемот поставен од Архимед никој од мудреците и научниците не можел да го реши.Неговата генијалност сѐ уште фасцинира, а неговите дела хронолошки се класифицирани во две групи: 1.Стари пред 220 п.н.е. Мерење кругови; Броење песок; Квадратура на парабола 18-24; Рамнотежа на површина. 2.Нови по 220 п.н.е. Квадратура на парабола 4-17; Топка и валјак; Спирала; Тела што пливаат; Сфероиди и Методи. Бил преокупиран со науката и заборавал да јаде, спие и да се бања. Се раскажувало како неговите ученици на сила го однеле во јавна бања, каде во када го открил законот за хидростатика и полугол истрчал на улица еуфорично викајќи ,,еурека”.

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Генијалците низ историјата

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.