Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ГЕНИЈАЛЦИТЕ НИЗ ИСТОРИЈАТА: Леонардо де Винчи

Генијалците низ историјата

ГЕНИЈАЛЦИТЕ НИЗ ИСТОРИЈАТА: Леонардо де Винчи

„Лош ученик е оној кој нема да го надмине својот учител“

Бил сестран вонсериски талент, сликар, архитект, музичар, инжинер, геометар, инвентивен пронаоѓач кого го интересирале геологија, метеорологија, астрономија и урбанизам.

Генијалецот е роден на 15 април 1452 година како вонбрачно дете на Катерина и сер Пјеро, кој не сакал да стапи во брак со жена од селско потекло. Неговата идна сопруга,од благородно потекло, нема да му го облагороди домот со деца и Пјеро ќе го оддели двегодишниот Леонардо од неговата мајка ( тажните очи на децата насликани од Леонардо се очи на дете резделено од мајка).

Расте покрај маќеи и константно активен и амбициозен татко кој три пати се преженувал , имал 12 деца, а последното ќе се роди откако умира, на 70 години. Многу поголема љубов добива од чичко му Франческо, кој бил со богата фантазија и не бил заинтересиран за приземните нешта, она поради што Леонардо многу го сакал. Никогаш немал разбирање од татко му, кој сметал дека Леонардо не постигнува поголем успех во школо поради неговата слаба концентрација и неодлучност, без да му ја препознае генијалноста. Деконцентрираноста го следела цел живот, често ги оставал недовршени своите дела… До црквата Санта Кроче во Винчи, каде е крстен Леонардо, ќе се изгради убава тврдина на угледно семејство Гвиди која подоцна станува музеј на Леонардо де Винчи. Двокатниот музеј е изграден според цртежите на Леонардо и полн со негови изуми, скици и прототипи на вага, мотоцикл, тркала за велосипед, авион, хелихоптер, митралез, топ, пароброд, sиден часовник. Во неговата семејна камена куќа ( на врв од ридот на Винча) сочувана е камена играчка ( ја направил како дете), бронзен фенер и тајно прозорче, за да sирка кој доаѓа.

Италија, со независните градови Фиренца, Милано и Напуљ, е центар на ренесанса. Со Фиренца владее семејството фармацевти Медичи, подоцна банкари, богати и угледни личности под чие покровителство ќе расцутат и уметноста и книжевноста. Првото дело на Леонардо, (под нивно спонзорство) е бронзената кугла и крстот на катедралата Св.Марија – симбол на Фиренца. Ќе учи од најдобри учители, Андреа дел Варокио, Сандро Ботичели ( ,,Раѓањето на Венера”) и од најдобрите академици кои ќе ги надмине, работејќи со градација на бои и контури и т.н. воздушна перспектива. На 20 години веќе е признат како зрел мајстор, (иако сѐ уште работел за Варокио) препознатлив по исклучителната моќ за доследно цртање детали од природата со илустраторска вештина и идеални облици со геометриска композиција (научникот, архитектот и геометрот во него). Го слика олтарот на капелата Свети Бернард, добива најмногу нарачки од Медичи, (олтарите во нивните куќи се од него), но многу од нарачаните дела ги остава недовршени, како на пр. сликата Свети Јероним или скулптурата ,,Коњаничка статуа Франческо Сфорс” која веројатно би била најголемата да ја довршил. Леонардо во неговиот ,,Трактат за сликарството” напишал дека ,,сликарството е ментална дисциплина, а вајарството физичка работа” , спротивно од гледиштата на современикот и колега Микеланџело, за кого ,,вајарството е врвна уметност, таа е сонцето, а сликарството месечината”. Во историјата ќе останат запаметени и нивните кавги и препукувања, покрај делата. Остава недовршени дела и ракописи (се смета дека само 1/3 е сочувана), свири на инструмент кој сам го измислил (станува популарен и како музичар), ја слика фреската ,,Тајна вечера” во манастирот Санта Марија во Милано (најголема чест и престиж), црта попрецизно од аерофотографија и често во занес заборава да јаде и пие со часови ( покрај тоа што бил вегетеријанец ја сакал кујната, направил автоматски роштиљ, сечкалка за лук и знаел одлично да готви). Исцрпен од работата, добива парализа, со десната рака губи координација. Умира на 67 години, опкружен со своите ученици и сликите ,,Мона Лиза”, ,,Јован Крстител” ( чиј андроген лик ја поттикнува декаденцата на 19 век) и ,,Богородица со Исус во крилото на св. Ана”. Погребан е во капелата Св.Ибер во Амбоаз.

Таинствената Мона Лиза – најпознатиот и најтаинствен портрет на светот, чуван под блиндирано стакло во Лувр, од каде не е ваден од1960 година. Нема податоци и одговори кој го нарачал и кого го сликал, сѐ се сведува на претпоставки, како и тоа дека оригиналот во Лувр е можеби една од многуте копии на неговите ученици, а дека оригиналот ( кој во тестамент му го оставил на омилениот ученик Мелцио) е изгубен. Изразот на ликот е меланхоличен со блага насмевка, облеката изразува тага. Многу претпоставки до ден денешен, дали насмевката е на нечија љубовница, сопруга, негивата мајка, или е автопортрет. Сликата е мета на многу обиди за кражби ( дури и на Хитлер не му успеало). Сепак, портретот еднаш е украден, на 21 август 1911 година од Винченцо Перуѓа кој го чувал две години во својот стан. Во 1963 година изложен е во Америка, 1974 година во Јапонија и Русија.

Многу претпоставки до ден денешен, дали насмевката е на нечија љубовница, сопруга, негoвата мајка, или е автопортрет.

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Генијалците низ историјата

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.