Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ГЕНИЈАЛЦИТЕ НИЗ ИСТОРИЈАТА: Јуриј Гагарин

Генијалците низ историјата

ГЕНИЈАЛЦИТЕ НИЗ ИСТОРИЈАТА: Јуриј Гагарин

„Што е извор на најголемо задоволство кај луѓето? Да имаат сопствени идеали во постојано поместување на границите” – Јуриј Гагарин

За време на студената војна, кога Русија и Америка буквално се натпреваруваат кој може повеќе, младиот космонаут, на 27 години, ќе биде првиот човек лансиран на Месечина. Херојскиот подвиг, за жал, ќе биде искористен за политички пропаганди, а не за суштинските цели на идеалите на еден генијален ум.

Роден е во скромно земјоделско семејство на 9 март 1934 година во Смољенск, западно од Москва. Складни семејни односи, многу разбирање од браќата Валентин и Борис, и љубов од постарата сестра Зоја. Таа на десетгодишна возраст го носи тригошиниот Јуриј во школо, го претставува пред соучениците и чита песна за него, полна со сестринска љубов, со што помладиот брат стекнува самодоверба која ќе му значи низ животот. Војната ќе му го прекине школувањето, но своите светогледи ќе ги развива и во тешките воени времиња, од каде учи дека храброста нема граници ( средба со пилотите од урнат воен авион ќе му се вреже во меморија).

Во повоениот период му се посветува на образованието, од полуписмено момче станува солиден ученик опседнат со математика, физика и авионите ( прави мини летала кои ги лансира над полињата и се радува, како да знае дека еден ден ќе биде лансиран многу повисоко).Запишува металургија во Москва, учи пракса во тешки услови. Оганот, чадот и течниот метал му пречат, но претпоставениот од групата ќе го окуражи: ,,Оганот е моќен.Водата е помоќна од него. Но човекот е посилен од сѐ и главата горе”! Учи, работи и заработува.

Слободното време го користи за спортување, (кошарка и скијање), чита книги, (Конан Дојл со детективските романи и Жил Верн со научната фантастика му се омилени) оди во театар, член е на комунистичката партија и во клубот на физичари. Но пресудниот момент за активирање на неговата генијалност е зачленувањето во авио-клубот т.н летачки клуб. Се вивнува со авиони, паѓа со падобранци, и во сѐ е грациозен, роден за летач. Дипломите и препораките му обезбедуваат запишување на воена академија без приемен. На 22 години веќе лета со новиот модел млазен авион. Секојдневна страст му се летање и пишува писма на љубовта од Саратово, Валентина Гарјачева, студентка на медицина. На 4 октомври 1957 година, успешно е лансиран Спутник, првиот вештачки сателит, на што најмногу се возбудуваат Американците сфаќајќи го како конкуренција и предизвик за научен свемирски двобој. Во меѓувреме, Гагарин ќе дипломира како најдобар студент, се стекнува со звање поручник, се жени со Валентина. Се охрабрува што во Спутник 2 е лансирана кучката Лајка(Кудриавка), првото живо суштество во космос, што му дава надеж дека и човекот ќе го искуси истото. Пропагандата го обиколува светот со брзина на ракета, кружи информација дека Лајка живеела седум дена, јадела, спиела и се вратила жива, што подоцна не било потврдено. Американците во јануари 1958 година успешно го лансираат Експлорер и ја почнуваат трката со Русија на космички терен.

Во 1959 година, Гагарин и Валентина ја добиваат ќерката Јелена, а истата година среќниот татко скришно од сопругата оди на физичко тестирање со уште 11 величествени потенцијални астронаути. Од дванаесте величествени одбран е тој. Ноќта пред полетувањето кога со колегата спијат без да знаат дека собата е опремена со апарати за следење на нивните соништа, Гагарин само еднаш се поместува дур спие. Конечно, на 12 април 1961 година лансиран е Васток, првиот свемирски брод со пилот, мајор Јуриј Гагарин, кој ќе кружи околу Екваторот 90 минути, а ќе се спушти на земја 180 минути по полетувањето, блиску до градот Саратова каде први ќе му пријда вчудоневидени селани од околината. Претседателот Хрушчов ќе го земе со приватен авион, ќе му приредат величествен пречек во Москва пред восхитенитот руски народ. Веста за херојскиот подвиг НАСА не го прима со восхит. Претседателот Џон Кенеди дава изјава со ветување пред Сенатот дека на 25 мај 1961 година ќе биде испратен Американец на Марс.

Месец дена после летањето на Гаргарин, во рамките на програмата Меркур 3, првиот Американец е Алан Шепард, кој ни одблуску нема да биде славен како Гагарин. Комунистичката паргија го користи за свои пропаганди, Гагарин веќе не лета низ космосот, патува по светот, дава изјави за медиумите, пишува книга и како член на партија мора да внимава што зборува во јавноста. По Хрушчов, на политичката сцена се појавува Брежњев, кој не работи врз подобрување на економијата и земјоделието и владата ја претвара во плутократија( олигархиска власт).

Финансирањата за научните проекти се сѐ послаби, новата генерација свемирски летала е на тежок испит, можностите на руските инжинерите со скромни средства да ја претркаат сѐ поконкурентната Америка, се минимализираат. Гагарин е унапреден во пуковник, 1967 година и подпретседател на Центарот за обука, без да го изгуби ентузијазмот и страста за летање.

На крајот, секој умира од својата страст и за жал, при една рутинска вежба славниот космонаут заедно со својот инструктор, губи контрола над леталото МИГ 15. Загинуваат на 27 март 1968 година на 34 години, оставајќи ја сопругата Валентина со ќерките Јелена и Галија во очај. Погребан е на Црвениот Трг, крај колегите Корољев и Комаров со сите државнички почести и илјадници присутни луѓе. Постхумно станува уште пославен, легенда за идните генерации со историското патување од 108 минути кои ќе го отворат патот кон иднината за идните генијални подвизи. Америка и НАСА го лансираат Аполо 8, на пат околу Месечината деќември 1968 година, или осум години по историскиот говор на претседателот Кенеди.

Конечно ,,мал чекор за човекот, но огромен за човештвото” ги изговорува командантот на Аполо 11, Нил Амстронг, на 20 јули 1969 година, кога човекот прв пат стапнува на друго небесно тело. Ќе остане 134 минути на Месечината, ќе остави медаљи во спомен на Гагарин и сите загинати колеги и успешно ќе се врати на планетата Земја. Прва жена космонаут е Русинката Валентина Терјешкова, која ќе ја обиколи Земјата 48 пати и ќе помине во космосот 71 час. Првите зборови што ќе ги каже, во духот на Гагарин кој е запаметен по ,,Земјата е сина”, се: ,,Јас сум галеб” – шифра за нејзиниот повик.

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Генијалците низ историјата

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.