Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ГЕНИЈАЛЦИТЕ НИЗ ИСТОРИЈАТА: Волфганг Амадеус Моцарт

Генијалците низ историјата

ГЕНИЈАЛЦИТЕ НИЗ ИСТОРИЈАТА: Волфганг Амадеус Моцарт

ГЕНИЈАЛЦИТЕ НИЗ ИСТОРИЈАТА: Волфганг Амадеус Моцарт

„Чувствувам како да сум целиот проткаен од музика. Музиката живее во мене.“

Неговата божествена музика сѐ уште е ненадминлив императив за светските композитори. Големиот руски композитор Чајковски , откако ја слушнал ,, Дон Џовани” на Моцарт, решил да ѝ се посвети на музичката кариера. Моцарт – музичко чудо, на три години се ,,игра” со типките од клавир и покрај кусиот животен век остава вонвременски симфонии и концерти. На крштевката го добива името Johan Hrizostom Volfgang Teofil Mocart, а подоцна прекарот Амадеус – оној кој ги сака боговите.

Истоимениот филм ,,Амадеус” на режисерот Милош Форман, расветлува добар дел од неговиот 35 годишен животен век, благодарение на писмата кои ги пишувал на татко му Леополд, додека патувал низ Европа, и со кого бил исклучително близок. Леополд бил вешт музичар, но со просечен талент во споредба со синот.Мајка му била интелигентна и духовита жена со ведар дух, сакала да се шегува и шеговитоста му ја пренела на синот. Роден во Салзбург, како четврто дете. Од вкупно 7 деца преживуваат само Моцарт и сестра му Нанерл.

На пет години е веќе подобар од сестра му, која го подучува да свири на клавир. За малиот генијалец дознава кралицата Марија Терезија, која ќе го земе во крило и дозволи да ја бакне. Тогаш прв пат се среќава со својата врсничка, ќерката на кралицата, Марија Антоанета. На 11 години ќе се зарази од овчи сипаници, кои тогаш биле смртоносни. Преживува, но на нежното бело лице ќе му останат траги. Обожуван е на кралските дворови во Виена, во Версај, а низ цела Европа ќе биде омилен лик на аристократијата. Во Лондон се запознава со таткото на Јохан Себастијан Бах, кој му станува единствен пријател до крај на животот.

На 16 години назначен е за дворски капелмајстор, неуморно свири и компонира. На 21 година осеќа потреба за самостојност и се разделува од својот тутор, надбискупот кој го држел по строги правила. Заминува со мајка му за Париз, каде се среќава со финансиски потешкотии ( новиот крал Луј XVI не го кани да свири на неговиот двор), но и со слобода.

Почнува неговиот љубовен живот, отпрвин со роднината Марија со која има интимни преписки во кои се гледа дека генијалецот, кој ги компонирал музичките волшепства, Свадбата на Фигаро, Волшебната флејта и Фон Џовани, вешто користи вулгарности и изразува опценост, покрај раскошниот талент.Се вљубува во сопранот Алојзија Вебер, но татко му не дозволува женидба. Подоцна, откако таа ќе се омажи, Моцарт на 26 години се жени со нејзината помлада сестра Констанца, за која во писмото на татко му ќе напише: ,,не и ни грда ни убава, ситно градена, со ситни црни очи, но има убаво лице.

Периодот од 28 до 30 години, Моцарт ги компонира најубавите дела, заработува добро, живее со слава и публицитет. На 24 деќемри 1784 година се приклучува на масоните, кои во тоа време биле напаѓани од католичката црква како антихристи. Марија Терезија ја забранува масонската ложа, за да ја одржи на власт Хазбурговската лоза во Виена, каде постоеле 8 ложи на слободни sидари. Моцарт бил член на ложата Beneficence. Неговите финансии се преполовуваат за време на службата во дворот на Јосиф II. Работи прекувремено, физички е исцрпен со чести температури и болки во стомакот. Непосредно пред смртта, добива нарачка за реквием ( опело) од човек со црна маска кој му дава голем хонорар.Оваа историска вистина преживува многу претпоставки и филмски верзии. Според едни, нарачателот бил композиторот и капелмајстор на Виенскиот двор, Салиери, кој му завидувал на раскошниот талент и му ја посакувал смртта ( не е докажано дали го труел), според други, тоа бил некој од браќата масони.

Најрелевантно е дека опелото го нарачал посредник на грофот Франс фон Валсега, како сеќавање на починатата сопруга. Моцарт е сериозно болен, повраќа со болни грчеви, има деформации на нозете, но ја довршува ,,Волшебната флејта”. Предизвикува восхит на премиерата, а нарачаното опело го довршува неговиот ученик Зисмајер по молба на сопругата Констанца, на која Моцарт ѝ се жалел дека некој го труе. И покрај огромните достигнувања и репутација, бискупот не сака да го исповеда Моцарт на смртната постела и погребан е во заедничка гробница.

Подоцна, без моштите, направен му е споменик на Централните гробишта во Виена, покрај Бетовен, Моцарт и Шуберт. Неговиот надгробен споменик, во аголот на Гробиштата Св.Маркс, наречен ,,Уплакан Анѓел”, симболизира тага заради непознаниците околу неговите мошти.

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Генијалците низ историјата

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.