Интернет
Гмаил ќе ве предупреди ако владата ви го чита вашиот емаил
Гугл одлучи да ја подобри безбедноста на Gmail со нова најава која му укажува на корисникот дека е цел на хакери кои работат за државата.
Иако таквите хакерски напади погодуваат само 0,1 отсто од корисниците на Гмеил, Гугл воведе предупредување кое ќе се прикаже преку целиот екран ако дојде до тоа, јави Енгаџгет. Тоа предупредување исто така соддржи упатства за тоа како и понатаму да се продолжи со заштита.
Ова е уште едно од низата обиди на Гугл да ја зголеми безбедноста на неговата популарна меил услуга. Во февруари воведен е симбол на црвен катанец кој ги предупредува примателите на електронската пошта на потенцијалните штетни пораки.