Sci-fi
Голем астероид ќе прелета близу Земјата следниот месец
Астероид поголем и од најголемиот облакодер на светов, се движи кон Земјата и, според предвидувањата, на 4 февруари ќе мине покрај нашата планета на оддалеченост од приближно 4,2 милиони километри.
Астероидот именуван „2002 АЈ-129“ е откриен уште на 15 јануари 2002. во рамки на Проектот за следење астероиди кои минуваат близу Земјата, под покровителство на НАСА.
Доколку телото се движеше кон Земјата и се судреше со неа, научниците сметаат дека тоа би резултирало со десетгодишен мрак и постојани ниски температури.
Иако астероидот е категориризан како „потенцијално опасен” (ПХА), не постои опасност да се судри со нашата планета во блиска иднина, истакнуваат научниците.