Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Градот Скопје се вклучува во одбележување на светската недела на вселената

Наука

Градот Скопје се вклучува во одбележување на светската недела на вселената

Светската недела на вселената (World Space Week) е најголемиот вселенски настан на планетата чија цел е да ги инспирира студентите, да ја едуцира јавноста и лидерите, како и да промовира организации посветени на вселената.

Генералното собрание на Обединетите нации во 1999 година прогласи дека Светската вселенска недела ќе се одржува секоја година од 4 – 10ти октомври.

Овие датуми одбележуваат два настани: 4ти октомври 1957г., лансирање на првиот сателит на Земјата од човекот, Спутник 1, со што се отвара патот за истражување на вселената и 10ти октомври 1967г., потпишувањето на договорот за принципи кои управуваат со активностите на државите во истражување и мирна употреба на вселената, вклучувајќи ги месечината и останати небесни тела.

12083743_10208014174056393_580879358_n

World Space Week е координирана од страна на Обединетите нации, со поддршка од World Space Week Association (WSWA). WSWA предводи глобален тим од национални координатори, кои ја промовираат светската недела на вселената во нивните држави.

Во Скопје ќе се одржат следните настани:

– 5ти октомври, 19ч., Децата од нашата улица – Wonders of the Universe, проекција на документарци, дискусија, вселенска забава.

– 6ти октомври, 20ч., Планетариум (МКЦ) – Предавање за ноќното небо, промотивна цена на билетите од 70 денари во билетарата на МКЦ.

За понатамошната агенда следете ја официјалната страна на фејсбук, World Space Week Macedonia.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Наука

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.