Интернет
„Гугл Хром“ со радикално нов дизајн од септември
„Гугл Хром“, најпопуларниот прелистувач во светот, ќе добие радикално нов дизајн подоцна оваа година, соопшти „Андроид Њуз Хедлајн“, повикувајќи се на девелопери.
„Гугл“ се очекува да го надгради дизајнот на прелистувачот, во стилот на „Material Design 2“ кој ќе има заеднички елементи со оперативниот систем Андроид 9.0. Детали за новата платформа ќе бидат претставени на Гугл И / O конфренцијата за девелопери во мај оваа година.
Се вели дека надградбата на „Хром“ на „Material Design 2“ ќе се случи во почетокот на есента, дури и се спомнува точниот датум – 2 септември.
Не е случајно избран за ажурирање на прелистувачот, бидејќи тогаш прелистувачот на „Гугл“ полни 10 години.