Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Гугл наполни 20 години

Интернет

Гугл наполни 20 години

Гугл не е само името на најпопуларниот пребарувач на Интернет, но исто така и компанија, чии атрактивни производи се користат секојдневно од милиони луѓе низ целиот свет.

Без разлика дали станува збор за водечкиот оперативен систем за паметни телефони, за најдобрата услуга за навигација или најголемата видео платформа на интернет, од Гугл секогаш имаат соодветно решение. Технолошкиот гигант е симбол на едни од најимпресивните иновации во последните две децении, кои секој ден ни штедат драгоцено време.

Целата приказна на Гугл започнува на денешниот ден пред 20 години, кога Сергеј Брин и Лари Пејџ го стартуваат официјално својот уникатен проект за пребарувач кој ќе ги организира сите информации во интернет. Основната намена тогаш не е само да ги развијат потребните алгоритми, но исто така да ги направат универзално достапни и корисни за сите луѓе, без разлика каде се наоѓаат.

Идејата на Сергеј и Лари е импресивна, а уште позачудувачка е вистинската нејзина реализација и начинот на кој го смени веб просторот во видот во кој го познаваме денес.

Пребарувачот индексира милијарди пребарувања на корисниците секој ден и се користи во над 190 држави, поддржувајќи повеќе од 150 јазици ширум светот. Веројатно најдобар пример колку незаменлив дел од нашето секојдневие е пребарувачот, кажува фактот дека денес Гугл е име кое секој го има слушнато и во исто време е производ без кој повеќето од нас не можат.

Компанијата ќе продолжи да инвестира сериозни ресурси за подобрување на можностите за пребарување.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интернет

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.