Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

И македонскиот јазик дел од иницијативата за препознавање на гласовни команди на мајчин јазик

Наука

И македонскиот јазик дел од иницијативата за препознавање на гласовни команди на мајчин јазик

Македонскиот јазик стана дел од проектот „Mozilla Common Voice – crowdsourcing“ – иницијатива која има за цел да изгради сет од податоци што ќе се користат за апликации базирани на гласовни команди.

Замислете да комуницирате со вашиот уред, користејќи го сопствениот глас на вашиот мајчин јазик.

Во моментов еко-системот ги фаворизира само големите „играчи“ во технолошкиот свет, при што се изоставуваат новите иноватори кои што можат да направат вистинска разлика.

Освен тоа што се многу скапи и недостапни за најголемиот број студенти, стартапи и истражувачи, тие се исто така и наклонети кон одредена група јазици, како што се англискиот и кинескиот.

Бидејќи системите за вештачка интелигенција базирани на гласовни податоци се релевантни само за најбројните нации, тие не ги задоволуваат потребите на помалите групи или оние кои не се опфатени во генеричките податоци (како што се оние кои не зборуваат течно англиски или кинески).

Mozilla – непрофитниот креатор на Firefox пребарувачот, започна да експериментира со алтернатива на податочните монополи, со тоа што од корисниците побара сами да придонесат во креирање сет на отворени податоци за вештачка интелигенција.

Компанијата Нетцетера се приклучи на овој проект, работејќи на креирање на првото податочно множество за препознавање говор на македонски јазик.

Со Jargon, секој може да го донира својот глас за да придонесе во креирањето на гласовен систем на отворени податоци, моќни како и Siri и Alexa, отсега на македонски јазик. Сѐ што волонтерите треба да направат е да прочитаат неколку реченици на глас или пак, да го валидираат она што го имаат прочитано другите. Толку е едноставно.

Вашиот глас е потребен. Се бараат луѓе кои се грижат за инклуција и разноличност за да придонесат кон проектот Common Voice. Нема потреба да се чита Том Соер за некој да направи разлика. Секој може да придонесе околку колку што сака.

Кликнете на jargon.mk и започнете со читање!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Наука

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.