Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Инстаграм ги претстави „Сторис архив“ и „Сторис хајлајт“

Наука

Инстаграм ги претстави „Сторис архив“ и „Сторис хајлајт“

Огромната популарност на „Инстаграм сторис“ придонесе овој популарен сервис за споделување на фотографии да развие нови функционалности.

Па така, Инстаграм промовираше две нови можности кои овозможуваат зачувување на сите објавени „сторис“ и нивно повторно споделување. Функционалноста е развиена до тој степен што може да се објават повеќе „сторис“ и со тоа да се одбележи некој настан или важно случување.

„Сторис архив“ и „Сторис хајлајт“ се имињата на двете новини и истите функционираат на следниот начин.

Сите објавени Stories ќе бидат зачувани по нивното истекување во нов дел од профилот на корисниците „Архив“. Истите ќе бидат прикажани според датум, од најнов до најстар. Од тука тие ќе може да се споделат повторно како „сторис“ или во директна порака.

Она што ги прави работите поинтересни е „сторис хајлајт“ можноста. „Хајлајтс“ овозможува избор на повеќе од старите „сторис“ и споделување како едно видео, односно слика. Истите ќе бидат прикажувани во нов дел од профилот, веднаш над сликите.

„Хајлајтс“ ќе може да се прават со притискање на копчето за таа намена на профилот, а истите ќе може да се именуваат за подобро да се истакне за што се работи.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Наука

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.