Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Instagram Stories“ веќе поддржува шест нови „Суперзум“ ефекти на камерата

Мобилни

„Instagram Stories“ веќе поддржува шест нови „Суперзум“ ефекти на камерата

Инстаграм ја ажурира својата популарна апликација, која сега нуди многу интересна функционалност.

Корисниците сега ќе можат да користат шест нови „Суперзум“ (Superzoom) ефекти кон приказните кои ги „закачуваат“ на своите профили.

Тука е моментот да кажеме дека „Суперзум“ се активира од камерата на паметните телефони и ви овозможува да креирате кратки клипови во траење од три секунди. Обично, секое видео може да се прилагоди со дополнителни ефекти и анимации.

Интегрирањето на уште шест ефекти ќе ја направи функцијата уште попривлечна за корисниците. Сопствениците на смартфони ќе имаат нов начин како да се забавуваат со вкупно десет ефекти во „Instagram Stories“, а меѓу нив се и новите предлози Hearts, Pope, Paparazzi Fire, Bummer и Surprise.

Ова не е единственото подобрување во најновата верзија на Инстаграм. Мобилната апликација сега вклучува опција за брз пристап до најупотребуваните емотикони.

На овој начин, секој од нас ќе може брзо да избере помеѓу осумте симболи кои најчесто ги користи во неговите коментари. Самите емотикони се достапни од лентата на врвот на полето за пишување на одговор во Инстаграм.

Добро е да се знае дека надградбите се шират на етапи, што значи дека ќе треба да бидете трпеливи за да можете сами да ги тестирате новите функции. Сепак,Инстаграм нѐ увери дека нема да мораме да чекаме премногу долго.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Мобилни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.