Интернет
„Инстаграм Сторис“ достигна 300 милиони корисници дневно
Опцијата „Инстаграм Сторис“ веќе има 300 милиони активни корисници дневно, што значи дека таа платформа моментно е речиси двапати попопуларна од „Снепчет“, на пример, кој претставуваше инспирација и урнек за „Сторис“.
Извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, во рамки на последниот финансиски извештај, објави раст на „Сторис“ сервисот, кој на Ватс-ап има 300 милиони корисници дневно.
Според извештајот, функциите како „Сторис“, наменети се за „подобро поминато време” со Фејсбук апликациите.