Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Интернет пребарувачот Гугл денеска го слави својот 17 роденден

Интернет

Интернет пребарувачот Гугл денеска го слави својот 17 роденден

Најмоќниот интернет пребарувач денеска го слави својот 17 роденден.

Овој интернетски гигант е основан на 27 септември 1998 година, а негови основачи се Лери Пејџ и Сергеј Брин. Двајцата го креирале Гугл во гаража во Силиконската долина под име BackRub.

Името Google е добиено поради печатна грешка, било планирано Googol, што значи број со многу нули.

Нивната замисла за начин на пребарување низ интернет мрежата се однесувала на анализирање на врските помеѓу веб страните со цел подобро нивно рангирање.

Компaнијата почнала со иницијален капитал од 100.000 долари инвестиција на Енди Бехтолшајм, за да дојде до феноменални 16,7 милијарди долари турновер во 2007 година.

Во овие изминати 17 години, “Гугл” стана од мала двочлена фирма сместена во гаража до вистинска мултинационална компанија со скоро 20.000 вработени.

За сите овие години, “Гугл” имаше одлична бизнис стратегија која и овозможи на компанијата да ги победи своите добро етаблирани конкуренти од типот на АОЛ и Јаху.

Главно своите приходи ги остварува преку својот систем на рекламирање. Главното седиште на компанијата, познато под име Googleplex, се наоѓа во Калифорнија, но има над 70 канцеларии во 40 земји низ светот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интернет

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.