Интернет
„Гулг“ воведе нови начини на пребарување кои користат генеративна вештачка интелигенција
Во четврток, „Гугл“ ја објави употребата на две нови алатки за вештачка интелигенција со цел да го промени начинот на кој луѓето пребаруваат информации на интернет. Овие иновации се најавуваат како промена во искуството со пребарување на „Гугл“, со посебен фокус на мобилните корисници со телефони со оперативен систем Андроид.
Првата функција, наречена “Circle to Search”, им овозможува на корисниците со Андроид да заокружат или означат на слики, видеа или текст, за да дознаат повеќе за обележениот дел или предметот кој го гледаат. Ова овозможува поинтуитивно и персонализирано пребарување преку вирална чет-бот технологија.
Втората функција им овозможува на корисниците да го насочат својот мобилен телефон кон објект или да прикачат фотографија и да го прашаат „Гугл“ за дополнителни информации. Ова вклучува можност за поставување прашања врз содржина како видеа и слики.
„Гугл“ тие алатки ги тестира и велат дека се обидуваат да го направат пребарувањето на интернет поинтуитивно и покорисно, подобрувајќи го корисничкото искуство.
Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.