Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Комичарот Каби Ламе стана најследениот тиктокер на светот

Интернет

Комичарот Каби Ламе стана најследениот тиктокер на светот

Комичарот Каби Ламе (22) од Сенегал и официјално стана „најследената“ ѕвезда на TikTok во светот. Тој ја престигна популарната Чарли Д’Амелио (18), која е на првото место од 2020 година.

Младиот комичар со 143,9 милиони следбеници ја надмина Чарли Д’Амелио која има 142,7 следбеници и ја доби титулата „најследена“ личност на TikTok.

@charlidamelio

dc @chucky gon wild

♬ original sound – IPUKEDOLLABILL$?

Ламе е роден во Сенегал, а на една година се преселил во Чивасо, Италија. Тој се приклучи на платформата TikTok дури во 2020 година откако беше отпуштен од работа во фабрика на почетокот на пандемијата. Потоа почнал да снима видеа едноставно затоа што му било досадно додека бил невработен за време на карантинот, а неговите видеа главно се состојат од тоа што тивко се исмева со другите тиктокери.

@khaby.lame

Naaaah! I will show you the real Khaby’s Move! ??? @psg #mbappe #hakimi #learnfromkhaby #learnfromkhaby

♬ suono originale – Khabane lame

На почетокот, како и сите фанови на платформата, Каби објавувал видеа на кои танцува или гледа видео игри. Но, подоцна му се родила идејата да реагира на видеа кои нудат апсурдни решенија за секојдневни проблеми.

Ламе е препознатлив по тоа што никогаш не изговара ниту еден збор во неговите видеа, но неговиот израз на лицето зборува многу повеќе, па тој е разбран во сите делови на светот.

@khaby.lame

“Wash” is also simple man. Don’t waste your precious time??.Lavarsi è semplice, non perdere il tuo prezioso tempo. ??#learnfromkhaby

♬ suono originale – Khabane lame

-Дојдов до ваква идеја бидејќи ги гледав овие видеа како кружат и ми се допадна идејата во тоа да се внесе малку едноставност. Идејата дојде случајно, но молчењето не. Размислував за тоа како да допрам до колку што е можно повеќе луѓе. И најдобриот начин беше да не зборувам – изјави тој.

https://www.youtube.com/watch?v=6Sp5XfM79dk

Повеќе од Интернет

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.