Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ“: Достапен првиот интернет речник на македонски знаковен јазик

Интернет

„РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ“: Достапен првиот интернет речник на македонски знаковен јазик

„РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ“: Достапен првиот интернет речник на македонски знаковен јазик

Првиот веб речник на македонски знаковен јазик е веќе достапен за јавноста.

Платформата, која е достапна на линкот www.znakoven.mk е целосно изработена од членовите на Здружението на глуви и наглуви “ТИШИНА” – Карпош со поддршка на Министерството за надворешни работи  на кралството Норвешка, Меѓународната фондација “Борис Трајковски“  и маркетинг агенцијата SkyBlueMedia

Преку проектот „Раце што зборуваат” се поставува солидна основа пред се за глувата популација, за знаковните толкувачи но и за сите заинтересирани во  Македонија да се здобијат со квалитетно образование на Македонскиот знаковен јазик во кои се употребени високи светски стандарди за изработка на еден ваков речник.

– „Длабоко сме убедени дека преку овој проект се отвара нова страница во македонското општество за зголемена рамноправност помеѓу глувите лица и лицата што слушаат со цел да се обезбеди подобра комуникација, социјална инклузија на глувата популација како и подигање на јавната свест за нивните потреби. “ – велат креаторите на речникот.

Придружете сé и запознајте еден нов свет преку кој можете да го научите јазикот кој може да се види, порачуваат тие. 

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интернет

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.