Интернет
Твитер го смени логото
Твитер веќе ја нема препознатливата сина птица.
На корисниците ширум светот им се прикажува новото лого на Twitter, X. Промената вчера ја објави сопственикот Илон Маск, кој објави дека Twitter станува X.com.
— Elon Musk (@elonmusk) July 23, 2023
Инаку, Илон Маск навести дека со ребрендирање на сината птица во буквата Х, ќе ја одведе социјалната мрежа во нов правец. Промената следи по неодамнешното признание на Маск дека во споредба со претходниот период приходите од реклами се речиси преполовени.
Like this but X pic.twitter.com/PRLMMA2lYl
— Elon Musk (@elonmusk) July 23, 2023
Милијардерот во објавата рече дека сака да го промени логото на Твитер, па ги праша своите милиони следбеници дали им се допаѓа идејата за промена на основните бои на страницата од сина во црна. Тој објави слика од стилизиран Х на црна позадина со темата на вселената.
Our headquarters tonight pic.twitter.com/GO6yY8R7fO
— Elon Musk (@elonmusk) July 24, 2023