Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Интервју со Иван Литовски, добитник на грант од Филип Морис ТКП

Creative

Интервју со Иван Литовски, добитник на грант од Филип Морис ТКП

Научив многу, знаења што не само на почеток туку ќе ми помогне и понатаму во развивањето на бизнисот.

Со пријавување во програмата Моја Идеја! Мој Бизнис, Литовски доби можност за стекнување на нови знаења и вештини презентирани од страна на професионалци во создавање и водење бизнис. Примената на овие знаења пак му овозможи добивање на неповратен грант од Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, средства со кои што дополнително го разви бизнисот и обезбеди оддржлива иднина за себеси и своите вработени.

П: Од каде идејата да се пријавите за програмата Моја идеја, мој бизнис?

Иван Литовски: За проектот се информирав од флаери кои ги сретнав на неколку локации низ градот Битола, исто така колку што се сеќавам беше објавен и оглас односно конкурс за аплицирање во програмата. Секако кога тоа го дознав се обратив и во канцеларијата на организацијата ЦЕЕД Македонија. Според сите побарани параметри ги исполнував условите за да се пријавам како учесник со својата идеја и добијам можност не само да научам многу, туку и да го добијам неповратниот гранд од Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп.

П: Што научивте од програмата додека се подготвуваа проектите?

Иван Литовски: Научив навистина многу, знаења што ми помогнаа сега во старт но и понатаму во развивањето на бизнисот. Од страна на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп и ЦЕЕД Македонија беа организирани 5 модули каде предавачи беа професионалци, професори и бизнисмени кои што несебично ги споделија своите знаења со нас. Разговаравме за сите можни сценарија и различни можности поврзани со создавање на издржан бизнис. За време на модулите од страна на предавачите ни беа дадени јасни насоки за креирање на финалната презентација и бизнис планот. За време на обуката научив повеќе техники како попрецизно да ја развијам својата идеја, а најважно од се што научив е дека за идејата да биде успешна треба да решава некаков проблем.

П: Која беше вашата идеја и колку вашата идеја почнавте да ја применувате во средината каде што живеете?

Иван Литовски: Мојата идеја се базира на нудење аутсорсинг услуги за видео монтажа, поточно за монтажа на свадбени видеа за клиенти од сите страни на светот. Можеби во услугата не сме единствени, но во начинот на изработка секако сме единствени и создаваме уникатен концепт за секоја прилика. Во основната идеја се вклучени и придонесуваат повеќе луѓе, кои се соработници за проектите и со цел услугата односно производот да бидат доставени навремено. Со грантот веќе ја обезбедив потребната опрема и веќе добиваме резервации за видео монтажа за претстојната сезона.

П: Како во иднина ќе го развивате бизнисот?

Иван Литовски: Со услугата што ја нудиме, видео монтажата им решаваме огромен проблем на многу луѓе, пред се им заштедуваме многу време и труд,  имаат повеќе време да посветат на семејството, време за пријателите, или пак во случаи кога станува збор за компанија, и се ослободува слободно време за нивните обврски, дали се тоа тековни активности, маркетинг активности или стекнување на нови клиенти.  Имам многу планови за иднина, но приоритет ми е да обучам што е можно повеќе луѓе да бидат спремни да работат на проектите кои ги добиваме, бидејќи побарувачката е голема, а нема доволно стручен кадар.

П: Каква порака ќе им испратите на младите за бизнис идејата да им стане реалност?

Иван Литовски: Моментално на планетата земја има 7 билиони луѓе, секој со 7 билиони потреби. Мислам дека не би му претставувало проблем на секој млад човек да смисли како да им задоволи една потреба барем на 100 луѓе. Услуги и производи денес е возможно да се нудат не само во вашето окружување, туку и насекаде на планетата. Уште денес почнете да го правите она што ве прави среќни, опкружете се со позитивни луѓе, спортувајте, нека разберат сите наоколу дека сте среќни бидејќи го работите она што го сакате, вложете во маркетинг и веќе имате сопствен бизнис.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Creative

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.