Наука
Истражување покажува дека бактерии отпорни на антибиотици патуваат со ветрот и се наоѓаат во облаците
Француско-канадските истражувачи открија отпорни бактерии на антибиотици во облаци, носени од ветрот на големи растојанија.
Бактериите обично се наоѓаат на лисјата или во почвата, но истражувачите утврдиле дека можат да патуваат на големи височини благодарение на облаците и да ја обиколат земјината топка.
Истражувачите ги анализирале примероците од облакот што се формирал над вулканот Пуј де Дом во Франција и откриле дека содржат меѓу 330 и повеќе од 30.000 бактерии на милилитар вода, или во просек околу 8.000 бактерии на милилитар.
Студијата укажува дека овој тип на сој претставува голем здравствен предизвик на глобално ниво поради широката употреба на антибиотици во здравството и земјоделството.