Наука
Избор на најдобар млад програмер во Македонија
Државен натпревар за избор на најдобар млад програмер ќе се одржи денеска на Технолошко металуршки факултет во Скопје.
Натпреварот по информатика за учениците од основните и средните училишта во Македонија е во организација на Здружението на информатичари на Македонија.
Ќе го отвори министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, а ќе присуствува и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.