Sci-fi
Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината
Кина има намера до 2030 година да испрати апарат кој ќе ги проучува поларните области на Месечината, соопшти Кинеската државна вселенска администрација.
Директорот на инженерскиот оддел на агенцијата, Ли Гуопин, на скорешната Светска конференција за наука во Пекинг, изјави дека се предвидуваат четири мисии во рамки на последната етапа од Програмата за испитувањето на Месечината, која својот почеток го имаше во 2003 година.
Според Ли, во четвртата фаза ќе следи испраќање на сондата „Чанг`е 4″ на подалечната страна на нашиот природен сателит до крајот на 2018.
За понатаму, Кина планира да испрати и човечки екипаж, како и изградба на научно-истражувачка станица.