Наука
Корисник пронајде грешка во „Виндоус 10“
Пред два дена почна преземањето на долго очекуваниот оперативен систем „Виндоус 10“, за чии карактеристики, помалку или повеќе, се дозна во текот на неговите презентации.
На самиот почеток на користењето на новиот систем, корисниците немаат поголеми забелешки, но еден од нив воочил пропуст.
Имено, тој увидел дека прозорчето што се појавува во случај на некоја грешка и треба да понуди објаснување за проблемот, не функционира.
Инаку, преземањето на „Винодоус 10“ засега е бесплатно за сите корисници на лиценциран „Виндоус 8“.