Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Лајковите“ на Фејсбук откриваат за нас повеќе отколку што мислиме

Наука

„Лајковите“ на Фејсбук откриваат за нас повеќе отколку што мислиме

Психологијата на „масовно убедување“ со онлајн кампањите, покажува дека конкретно тие ја зголемуваат продажбата на производот за дури 50 отсто.

Во експеримент, кој опфатил 3,5 милиони луѓе, научниците го анализирале „лајкот“ на корисникот на Фејсбук, за да „влезат“ во неговата психолошка трага – било да се работи за интровертна или екстровертна личност.

Истражувачите на тој начин покажаа колку тој мал „дигитален отпечаток“ од корисникот може и тоа како да влијае на рекламата која подоцна му се презентира токму нему.

Се почна од огромна база „лајкови“ на милион анонимни корисници на Фејсбук. Оние кои ја „лајкувале“ Лејди Гага, на пример, се оквалификувани како поекстровертни, а оние кои ја „лајкувале“ серијата „Старгејт“ – како поинтровертни.

Рекламите подоцна се креирани токму според овие карактеристики, а одѕивот бил неверојатен. Една реклама била видена од над три милиони луѓе, а 20 отсто од нив и го купиле производот.

А, сево ова покажува и дека се што правите на социјалните мрежи, се следи од повеќе луѓе, отколку што мислиме.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Наука

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.