Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонија по 6-ти пат ја прославува Светската недела на вселената

Наука

Македонија по 6-ти пат ја прославува Светската недела на вселената

Македонија по 6-ти пат ја прославува Светската недела на вселената

На 4-ти октомври започнува годишната прослава на Светската недела на вселената во Македонија, со темата „Сателитите го подобруваат животот” (Satellites improve life).

Целта на овој настан на глобално ниво е да се стави акцент на придобивките од вселенските истражувања спроведени во текот на изминатата година за решавање на предизвици на планетета земја и во вселената.

– „Секоја година од 4 до 10 октомври луѓето од целиот свет се собираат за да ги прослават достигнувањата во истражување на вселената, и да ги едуцираат и инспирираат младите. Темата оваа година се фокусира на сателитите, нивните секојдневни употреби и многубројните придобивки кои понекогаш ги земаме здраво за готово. Следната година (2021) фокусот ќе биде на една тема многу значајна за нас, а таа е „Жени во вселената“. “, велат локалните координатори на Светската недела на вселената во Македонија, кои веќе  6 години по ред успешно ја реализираат оваа светска иницијатива. 

Во оваа иницијатива изминатата 2019 година, се вброија над 8.000 настани во 96 земји, меѓу кои и Македонија, а оваа година се очекува бројот на настани да е уште поголем.

Овогодинешните активности на Неделата на вселената во Македонија поради Ковид-19 пандемијата ќе ги исклучат традиционалните настани со физичко присуство кои беа одржувани сите изминати години и фокусот ќе го ставиме на индивидуални предизвици кои секое дете, поединец, возрасен може сам да ги направи од удобноста на својот дом.

Нашта програма во 2020 ќе опфати онлајн креативен курс во соработка со едукативниот центар Скампер со наслов „Мисија: Лет до вселената“ за деца на возраст од 4 до 8 години,  различни информативни содржини, идеи и предлози за активности по дома за кои повеќе информации можете да најдете на нашата официјалната фејсбук страница.

Ги повикуваме сите вљубеници во вселената и небесните тела да се вклучат во иницијативата и да ја следат фејсбук страницата World Space Week Macedonia за да ги проследат предлозите кои се подготвени оваа година за заедно, уште еднаш, ја одбележиме оваа Светска недела на вселената. 

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Наука

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.