Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ексклузивните производи на Fashion Group поблиску до вас – отсега и преку мобилна апликација

Мобилни

Ексклузивните производи на Fashion Group поблиску до вас – отсега и преку мобилна апликација

Светските брендови Desigual, Diesel, Geox, Guess, Inuikii, Levi’s, Mango, Parfois, Premiata, Replay, Springfield, Steve Madden, Super Dry, Timberland, UGG, Women’s Secret кои се под групацијата Fashion Group од сега можете да ги купувате и он-лајн преку новата апликација на вашиот мобилен уред за Android или Iphone.  

„Ние, како групација сме лидери на пазарот со интернет продавницата на светски брендови, а од денеска нашата целосна понуда е достапна и преку мобилна апликација. Се што треба да направите е да ја симнете на вашиот мобилен, во неколку чекори да се регистрирате и да нарачате. Доставата низ цела држава ја правиме во рок од 3 до 5 работни дена“ вели Александра Саздовска, менаџер на интернет продавницата на Fashion Group.

На fashiongroup.com.mk интернет продавницата функционира веќе две години, но отсега е целосно освежена и многу полесна за користење. 

Доколку не е соодветна големината на производот се врши негова замена, а има и можност за враќање на истиот ако купувачот не е задоволен.

„Нашите купувачи на интернет продавницата може да ја користат нивната лојалти картичка која нуди можност за акумулирање на поени и специјални поволности. Со мобилната апликација, освен собирање на поени, корисниците ќе имаат многу дополнителни изненадувања“ додава Саздовска.

Со мобилната апликација, освен собирање на поени, корисниците ќе бидат редовно информирани за пристигнување на нови колекции, за промоции и попусти, за специјални акции, ќе имаат ексклузивна можност за купување на сезонски попуст пред останатите, ќе бидат дел од специјални настани, а ќе можат и да креираат своја листа на желби и на омилени производи.

Интернет продавницата fashiongroup.com.mk е отворена 24/7 и достапна за нарачување во кое било време и од кое било место.

Fashion Group постои речиси 25 години во Македонија и има најголема малопродажна групација на компании за текстил во регионот, а ги поседува правата на ексклузивност, франшиза и мастер франшиза за многу светски познати модни брендови.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Мобилни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.