Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Galaxy Z Flip6 – телефон на преклоп за уникатно фотографско искуство и неизмерна забава

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Мобилни

Galaxy Z Flip6 – телефон на преклоп за уникатно фотографско искуство и неизмерна забава

Новата генерација, шеста по ред, на телефоните на преклоп од Samsung ги донесе Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6, заедно со револуционерната Galaxy AI* вештачка интелигенција, која го трасира патот на напредните функции со вештачка интелигенција во мобилната технологија, поместувајќи ги постојано границите на извонредноста. 

Сите оние кои се љубители на помалите телефони на преклоп, овој пат со новиот Galaxy Z Flip6 доживуваат неверојатно искуство со камерите и феноменалните фотки, селфија и видеа, можности како никогаш до сега да го персонализирате надворешниот екран Flex Window, и секако, ВИ функциите кои се уште поусовршени во споредба со оние кои ги знаеме. 

Фотки од фантастични агли и видеа во 4К

Револуционерната камера FlexCam на Galaxy Z Flip6 навистина го редефинира начинот на кој го снимаме и споделуваме нашиот свет, заедно со Galaxy AI Flex Zoom со автоматско кадрирање. Фотографирање или снимање видеа со Galaxy Z Flip6 е многу повеќе од „фаќање добри кадри“. Всушност, тоа е едно искуство со многу забава благодарение на сите можности кои системот од камери и ВИ функциите ги овозможуваат. Камерата со висока резолуција со нова широка леќа од 50 MP ги снима најсветлите и најјасните селфи фотографии, додека ВИ функциите ќе се погрижат за дефинирани изрази на лицето и поприродни тонови, а новиот автоматски зум автоматски го наоѓа најдоброто кадрорање за вашата снимка. Функцијата Nightography е подигната на уште повисоко ниво обезбедувајќи одлични фотографии во услови на намалена осветленост и сето тоа со Super HDR за да можеш да гледаш повеќе детали без разлика дали е во светли услови или во потемни сенки. И не заборавај – можете да снимаш и да споделуваш директно од инстаграм кој нуди ноќен режим во апликацијата, и тоа од најневозможни агли, благодарение на флексибилно-подвижната форма на телефонот на преклоп. 

Екран и дизајн според твој стил и вкус

Една од значајните карактеристики кои го прават овој Galaxy Z Flip6 навистина посебен е можноста да го персонализираш твојот надворешен екран FlexWindow според твојот стил, вкус и потреби. Изборот на интерактивна позадина која е динамична и визуелно импресивна и реагира на допир или движење, или опции за тапети, како што е Photo Ambient, кој прави промени во реално време на позадината според одредници на време и  место, ќе ти предлага и промени во распоредот на екранот и виџетите за унифициран изглед. Овој уред може навистина да го направиш да ја изразува твојата личност, со тоа што ќе ја одбереш вистинската боја, која совршено можеш да ја искомбинираш со Flex Window, а полн погодок би бил паметен часовник Galaxy Watch Ultra Galaxy Watch7

Со Galaxy AI* до супер-лесна комуникација. 

Што се однесува до комуникациските функции, тие се надградени со вештачка интелигенција и нудат бројни исклучителни перформанси за пишаната комуникација. На пример,  FlexWindow овозможува и предложени одговори низ апликациите за пораки, и тоа,  врз основа на анализа на најмногу 7 неодамнешни пораки , Galaxy Z Flip6 ќе предложи три оптимални одговори за да можеш да одговариш и кога си во движење. Ако пак го отвориш телефонот, ќе можеш да го искористиш максимумот од двојниот екран кога е во FlexMode со користење на преведувач за лесно двонасочно преведување. Екранот исто така нуди брз пристап до бараните информации или содржини преку големиот број на виџети. 

Преклопи го и ќе го собере речиси секаде

Иновативната форма на Galaxy Z Flip6 е можеби најзначајниот аргумент за неговата посебност. Носиш минималистичка ташничка, или пак не носиш, а сакаш да го ставиш во џебот од пантолоните или предниот од фармерките? За сите варијанти е идеален бидејќи, покрај двојно намалената веlичина кога е преклопен, Galaxy Z Flip6 и неговиот „поголем брат“ Galaxy Z Fold6 се најлесните и најтенките Galaxy телефони на преклоп произведени до сега. Ова е исто така и телефонот кој е најпоголен за носење за време на физички активности токму поради величината и формата.

Кои се другите уреди од најновата генерација на Samsung екосистемот?

Овој пат Galaxy екосистемот, освен со новите модели на телефони на прелоп Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 ја збогатува и зајакнува својата моќ и со други фантастични уреди како паметните часовници Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7 – врвот во грижата за личното здравје на дневна основа и општата благосостојба овозможени од функции напојувани од вештачка интелигенција, како и најновите модели на слушалки Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro кои донесуваат ново ВИ комуникациско и најнапредно аудио искуство. Овој фантастичен Galaxy екосистем составен од носливи Samsung уреди совршено комуницираат меѓу себе креирајќи единствено Galaxy искуство кои постојано го подобрува и олеснува важиот живот.   

Новите телефони на преклоп Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6, како и паметните часовници Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7 и слушалките Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro се веќе достапни во малопродажба на македонскиот пазар. 

* Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно најрано до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy. 

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Мобилни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.