Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

#ОСТАНИДОМА: Топ 5 апликации со кои времето брзо ќе ви минува!

Мобилни

#ОСТАНИДОМА: Топ 5 апликации со кои времето брзо ќе ви минува!

Моменталната изолација на секој од нас делува различно. Некои ги исчистија своите домови, некои почнаа со вежбање, а некои сè уште го бараат својот „издувен вентил“.

Ако сте вие еден од нив, пробајте една од интересните апликации, со кои би можеле да си го исполните времето и да излезете од изолација со побогато знаење и искуство.

Makedonika

Дали знаевте дека Фондацијата Македоника има мобилна апликација насловена како Makedonika, во која можете да читате бесплатни е-книги на македонски јазик? Прекрасна шанса да уживате во различните светови на книгите додека сте дома преку најголемата е-библиотека на македонски јазик, полна со богати домашни и странски наслови и тоа дури и кога не сте поврзани на интернет. Потребно е само да се регистрирате и вашите одбрани е-книги започнувате да ги додавате на полицата „Мои книги“, а со помош на подесувањата може да се менува видот и големината на фонтот, маргините, боите, позадините.

Google Duo

Времето секогаш брзо поминува во кругот на семејството и пријателите. Пробајте ја апликацијата Google Duo за да останете во контакт со вашите најблиски во ова време. Galaxy S20 смарт уредите обезбедуваат подобро искуство со видео разговор преку ексклузивното партнерство со Google и видео повиците на Google Duo со HD квалитет. Google Duo е компатибилен со сите оперативни системи. Со користење на широк објектив на најновите уреди од семејството на Samsung Galaxy, корисниците можат да го вклучат целото семејство во повикот и да разговараат со осум пријатели одеднаш во 1080p FHD.

Coursera

Проширете го вашето знаење и добијте го сертификатот кој отсекогаш сте сакале да го имате. Coursera соработува со универзитети и други организации, нудејќи online курсеви, специјализации и дипломи за различни професии, како што се инжинерство, data science, машинско учење, математика, бизнис, информатика, дигитален маркетинг, хуманитарни науки, медицина, биологија, општествени науки и многу други.

Sworkit

Со апликацијата за фитнес, можете да вежбате од дома, а најчесто не ви треба друга специјална опрема, освен удобна облека и патики. Полесно е и поевтино отколку да плаќате членарина во теретана. Sworkit е апликација за секој кој сака да биде посилен, ослабнат, затегнат или во подобра форма. Откако ќе ја поставите целта и откако апликацијата ќе го одреди вашето моментално фитнес ниво, следи шестнеделната тренинг програма со неделни цели. Одлучете колку време сакате да одвоите, а апликацијата ќе го прилагоди планот според вашиот распоред. 

Duоlingo

Можеби сега е време да го научите јазикот кој отсекогаш сте посакувале да го знаете, а Duоlingo е бесплатна апликација која ќе ви го овозможи тоа. Курсевите нудат постепено учење на зборови и реченици, со слушање и изговарање зборови и други слични методи. Освен што е бесплатен, Duolingo има и други предности за курсот за странски јазици во однос на некои училишта. Сами бирате кога ќе учите и сами ја одредувате брзината на учење.

Грижете се за себе и за другите и затоа #останидома.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Мобилни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.