Мобилни
Секој петти продаден мобилен телефон во светот минатата година бил „Ајфон“
Според податоците на Меѓународната корпорација за податоци (ИДЦ), просечно секој петти продаден мобилен телефон минатата година бил бренд на „Епл“.
Ова е првпат во историјата „Епл“ да го заземе првото место по бројот на продадени мобилни уреди, отстранувајќи го „Самсунг“ од врвот.
Според извештајот на Би-би-си, „Епл“ успеал да продаде над 234 милиони мобилни телефони минатата година, и тоа во услови на зголемени регулаторни предизвици и појачана конкуренција, особено од страна на „Хуавеј“ во Кина.