Creative
МОСТ КОЈ ГО ФАСЦИНИРА СВЕТОТ: Не е изграден за автомобилите, туку за водата (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Познатиот холандски мост „Вулувемер Аквадукт“ е изграден уште во 2002 година, но ова инженерско ремек дело, кое спојува еден вештачки холандски остров со копното и натаму не престанува да го фасцинира светот.
При планирањето се разгледувале голем број идеи, вклучувајќи и подводен тунел и обичен мост, но сите тие проекти биле премногу скапи за изградба и ќе требало предолго време да се реализираат.
Основната идеја било транспортот на автомобилите и ферибодите меѓу брегот и островот да може да тече слободно без метеж и ограничувања.
Тоа довело до генијално решение – воден мост долг 25 и широк 19 метри. Со тоа, под повеќе од три метри длабокиот мост, минуваат илјадници возила дневно, бродовите слободно пловат, а не се заборавени ни пешаците.
Секако при изградбата, не е прекршен ниту еден закон на физиката, но во секој случај е чудно да се вози автомобил под мостот над кој пловат бродови.