Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

На Меѓународната вселенска станица пронајдена бактерија од вонземско потекло

Sci-fi

На Меѓународната вселенска станица пронајдена бактерија од вонземско потекло

На надворешниот дел од Меѓународната вселенска станица е пронајдена жива бактерија за којашто рускиот космонаут Антон Шкаплеров смета дека не била таму кога сателитот бил лансиран, во 1998 година, туку веројатно „долетела некаде од Вселената“, јавуваат руски медиуми.

Според неговите кажувања, астронаутите бактеријата ја пронашле додека земале примероци од трупот на МВС, што се наоѓа во Земјината Орбита.

– Се покажа дека тие брисеви содржат бактерија, која не беше тука при лансирањето на Станицата. Засега, се чини дека тоа не претставува некаква опасност, изјави Шкаплеров.

Бактеријата е тестирана на самата МВС, и научниците утврдиле дека не е штетна за луѓето. Испитувањата ќе продолжат на Земјата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Sci-fi

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.