Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Најпребарувана тема на „Гугл“ во 2015 година е Лемар Одом

Интернет

Најпребарувана тема на „Гугл“ во 2015 година е Лемар Одом

Несреќата на поранешната НБА ѕвезда, Лемар Одом е најпребарувана тема на интернет пребарувачот „Гугл“ во 2015 година, соопшти денеска компанијата.

По него е поранешната ултимејт фајт шампионка во бантам верзијата Ронда Роузи, како и Кејтлин Џенер,  поранешниот дедо на Ламар Одом, кој годинава го промени полот.

Одом во октомври годинава е пронајден без свест на подот на една јавна куќа во Невада. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс падна во кома бидјеќи користел алкохол, кокаин и сексуални стимуланси.

Интересирањето за Одом ги засени смртоносните напади во Франција во јануари врз сатиричниот магазин Шарли ебдо, но и играта за мобилни телефони „Агар.ио“.

За Одом пројавија интерес и оние кои не се љубители на спортот бидејќи тој во 2009 година беше оженет за ријалити ѕвездата Клои Кардашијан.

Трагедиите привлекуваат најмногу пребарувања на интернет, бидејќи минатата година најбарана тема беше самоубиството на актерот Робин Вилијамс

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интернет

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.