Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

НАСА: Озонската дупка се намалува

Sci-fi

НАСА: Озонската дупка се намалува

Озонската дупка годинава се намалила до нивото од 1988 година, според редовниот годишен извештај на НАСА.

Дупката во озонот е откриена во 1985 година. Низ годините, ситуацијата само се влошуваше, но последниве две години, првпат има знаци за постепено враќање на нивоата од 80-те години на минатиот век.

Некои научници тврдат дека тоа сепак не се должи на напорите на човекот. Намалувањето на озонската дупка последниве две години всушност претставува природна варијација и изгледите за подобрување се само привидни, велат експертите.

Долгото присуство на облаците придонесуваат за концентрација на хлор и бром во атмосферата, што води до оштетување на озонскиот слој. Нивото на тие елементи останува високо и озонската дупка не може целосно да „се закрпи“.

Просечната дебелина на озонскиот слој околу Земјата е три милиметри или меѓу 300 и 500 единици „добсон“, како што велат експертите. Во најлош случај, дебелината изнесува само 136 добсони, а се тврди дека се забележани реони каде што присутноста на озон е нулта.

Добрата вест е дека изминатава година тоа не се случило никаде.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Sci-fi

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.