Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

НОВ КОНЦЕПТ: Зелен ѕид во новиот салон на Телеком во „Сити мол“ во Скопје (ФОТО)

Creative

НОВ КОНЦЕПТ: Зелен ѕид во новиот салон на Телеком во „Сити мол“ во Скопје (ФОТО)

Македонски Телеком стартува со нов концепт на продавници на Дојче Телеком за прв пат во Македонија со продавницата во City Mall во Скопје. Новиот концепт освен уреди и услуги нуди и социјализација, забава, мултимедијално искуство и персонален пристап кон секој корисник.

Се состои од три области: Изложбен простор со уреди и услуги, зона за гејминг и забава и кафе бар. Зоната за гејминг и забава е уредена како дневна соба во која корисниците ќе можат да уживаат во користење на напредни услуги и решенија и да се забавуваат. Кај уредите и услугите, новина е што ќе има и катче за лични консултации.

Во продавницата има и зелен еко ѕид, за прв пат во продавниците на Дојче Телеком. Ѕидот, освен декоративна, ќе има и практична функција, односно ќе служи за природно прочистување на воздухот.

– „Веќе не е доволно да се понудат само услуги и сервиси. Навиките и очекувањата на корисниците се менуваат, еволуираат а ние одиме чекор понатаму за да одговориме на тие очекувања. Продавниците веќе не се само за купување на телефони и услуги, туку место за забава, дружење, шопинг, место на кое се добива вистинска поддршка и искуство. Со новиот концепт на продавници целта ни е да обезбедиме врвно корисничко искуство“. – изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

На денот на отворањето на продавницата во City Mall – 11 ноември, од 10:00 до 13:00 часот, за корисниците ќе има специјална понуда на Samsung смартфони, за еден денар. За корисниците на Smart M, еден денар ќе биде Samsung J3 (2016), за Smart L, Samsung J5 (2017) и за корисниците на Smart Platinum – Samsung S8+.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Creative

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.