Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нова новогодишна цел на Марк Цукерберг

Интернет

Нова новогодишна цел на Марк Цукерберг

За Новата 2018 година, директорот на Фејсбук, Марк Цукерберг најави позасилена заштита на корисниците од вербални напади и ширење омраза.

– Нема да ги спречиме сите грешки и злоставување, но сега правиме премногу грешки во спроведување на нашите правила и спречувањето злоупотреба на нашата програма, изјави Цукерберг.

Откога во 2009 година почна да си поставува новогодишни цели, Цукерберг ја посети секоја американска сојузна држава поединечно, претрча 590 километри и го поднаучи мандаринскиот јазик.

Фејсбук лани беше на удар на критиката поради „неуспехот да ги спречи руските разузнавачи во искористувањето на платформата“ во однос на наводното мешање во американските претседателски избори во 2016 година.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интернет

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.