Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Новата академска година на ФЕИТ започна со доделување на 14 стипендии

Наука

Новата академска година на ФЕИТ започна со доделување на 14 стипендии

Благодарение на иницијативата на Факултетот за електротехника и информациски технологии и взаемната соработка и залагање на компаниите ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО, денеска, официјално беа врачени стипендии на 14 нови студенти.

“Овој проект е повеќе од успешен за сите нас од повеќе аспекти: ние добиваме поголем број квалитетни студенти, го зајакнуваме нивото и квалитетот на студирање во полето на енергетските насоки, а воедно компаниите ги добиваат најдобрите студенти – идни првенци на генерација и високо-квалификуван инженерски кадар, профилиран според потребите на самите компании”, рече деканот на ФЕИТ, професор д-р Миле Станковски.

Според него, од година в година, прогресивно се зголемува бројот на новозапишани студенти на ФЕИТ, со тоа расте и конкуренцијата во поглед на бројот на пријавени студенти апликанти за стипендии.

„АД ЕЛЕМ, изминативе три години, активно ги поддржува студентите на ФЕИТ преку стипендирање, а првите дипломци што сме ги стипендирале, очекуваме да дипломираат оваа академска година. Тоа значи дека нашите идни енергетичари биле доволно силно мотивирани да го задржат успехот низ студирањето и да се истакнат со своето знаење и интерес кон науката, а со тоа секако и да го задржат правото на стипендирање низ сите години. Со овој чин се надеваме дека ќе ги поттикнеме и дополнително мотивираме да ги вложат сите свои сили и капацитети и да постигнат забележителен успех во својата мисија да станат дипломци од оваа институција, а во иднина и истакнати професионалци во електро-енергетскиот сектор“, истакна Антонио Ивановски, помошник директор за производство во АД ЕЛЕМ.

Стратегиска цел на ЕВН Македонија е привлекување на најдобрите млади, стручни и високообразовни кадри и поддршка на образовниот процес, рече Анета Петровска – Русомароски, менаџер за човечки ресурси во ЕВН Македонија.

“Затоа, секоја година даваме поддршка на студентите од енергетските насоки кои имаат високи академски постигнувања и посветеност кон континуиран личен и професионален развој. Многу не радува тоа што нашата цел е остварена, првата генерација на стипендисти веќе се вработени кај нас и даваат придонес кон нашата цел – сигурно и квалитетно снабдување со електрична енергија, вели Петровска – Русомароски.

За Иван Коробар, шеф на кабинетот на АД МЕПСО, тоа што годинава има повеќе стипендисти од лани во посилна конкуренција на апликанти и тоа што во конкуренција за стипендии се студенти со висок успех, односно просек, е голем мотив за сите енергетските компании, оваа пракса на доделување стипендии да премине во традиција.

„Чест и задоволство е да се креира и учествува во активност која станува позитивна општествено-одговорна практика и дава одлични резултати и притоа ги мотивира студентите да постигнуваат подобри резултати во академските циклуси”, додаде Иван Коробар-шеф на кабинетот на АД МЕПСО.

Студентите – стипендисти, со заеднички став, велат дека електроенергетскиот сектор во Македонија е дефицитарен, ФЕИТ нуди најголеми перспективи и отворени можности, потенцирајќи дека овие стипендии претставуваат голем мотив за понатаму.

Покрај традиционално доделените стипендии, на денешната церемонија беа доделени и награди и пофалници за најдобрите 60 студенти кои учебната 2013/14 година ја завршиле со успех 9 и над 9.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Наука

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.