Наука
НОВО СВЕТСКО ЧУДО ВО КИНА: Мост долг 55 километри (ВИДЕО)
Изградбата на најдолгиот мост на светот се одвива според планот и таа е при крај, откако беше инсталиран и тестиран системот за осветлување, соопштија кинеските власти.
Беше потребна шестгодишна подготовка и осум години за самата изградба на 55 километри долгиот мост што ќе ги поврзува Хонг Конг, Чухаи и Макао.
Tрасата се состои од главниот мост долг 22,9 километри, тунел од 6,7 километри и вештачки остров – најзначајниот дел од целокупната конструкција.
– Наредниот месец, инженерите ќе ја проверуваат координацијата на системите и опремата на мостот, изјави Џанг Ѓинвен, одговорен за проектот.
Мостот ќе го намали времето на патување меѓу Хонг Конг и Макао, од три часа на само 30 минути.