Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Од 13-ти до 20-ти јуни ќе се одржи втората Интернационална академија за младинско вмрежување

Наука

Од 13-ти до 20-ти јуни ќе се одржи втората Интернационална академија за младинско вмрежување

По минатогодишниот масовен успех, и оваа година во периодот од 13-ти до 20-ти јуни, 2016 година во просториите на хотелот Молика ќе се одржи втората по ред Networking 101: Интернационална академија за младинско вмрежување.

Истата има за цел обединување на млади ширум светот преку знаење и проактивност и тоа со цел поттикнување позитивна промена, на локално и глобално ниво. Како показател за ова е и фактот што се очекуваат учесници од повеќе од 20 земји низ 5 континенти.

Проектот истотака нуди можност за стекнување нови вештини, унапредување на својот лидерски потенцијал, работа во тим како и изучување на практични и детални елементи во склоп на семинарите наведени подолу.  Надвор од ова, учесниците истотака ќе имаат можност да се запознаат и со значителен број на експерт гости како и да учествуваат на бројни networking сесии.  

13105913_10206500648097490_948964802_o

Повикот е наменет за проактивни, талентирани и амбициозни млади луѓе на возраст од 15-20 години. Академијата е од интернационален карактер на која ќе учествуваат учесници од 20 земји низ 5 континенти.

Согласно ова, познавањето на англиски јазик е неопходно за следење на предавањата. Се вкупно, академијата има капацитет од вкупно 50 учесника.

Апликацијата за овогодинашната академија можете да ја надете овде: http://goo.gl/forms/XmiO0YfWD7

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Наука

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.