Creative
Од денес емотиконите се достапни и на македонски јазик
Прославата на Светскиот ден на емотиконите, 17 јули, го означува официјалното пуштање во употреба на првиот речник на емотикони на македонски јазик.
Емотиконите се мали икони кои го обиколија светот, а истите можете да ги праќате директно преку тастатурата на вашиот мобилен уред. Емотиконот ? (Лицето со солзи од среќа) беше дури и избрано за збор на годината од речникот на Оксворд.
EmojiWorldBot е бесплатна алатка изградена на познатата Телеграм платформа за брзи пораки која дозволува корисниците да ги користат емотиконите во преку повеќе од 70 светски јазици. На пример, ако напишете „мајмун“, апликацијата ќе го покаже следниот емотикон – ? кој можете да го употребите во вашата порака.
– „Изгледа многу едноставно“ – вели Федерико Сангати, кој ја испрограмирал оваа апликација, „но, секогаш постои компликација во креирањето на системот за да може да работи одлично со толку многу јазици“.
Инаку на оваа апликација работел интернационален тим преку Телеграм за да го креираат овој таканаречен бот.
Јоана Монти, професор по странски јазик во Универзитетот во Наполи, специјализирана во машински превод, истакнува дека досега не постоела ваква алатка за преведување помеѓу различните јазици и емотиконите.
– „За Светскиот ден на емотиконите ја отвораме оваа платформа која ги прави достапни емотиконите до повеќе од 50 јазици ширум светот“ – објаснува таа.
Програмерот кој ја има имплементирано оваа податочна структура, Сина Мансур, се согласува:
– „Нашата алатка ја прави комуникацијата помеѓу различни народи полесна. ❤️ ја пренесува истата порака, без разлика дали зборувате на арапски или еврејски. Истото од денес е достапно и за Македонците.“
Апликацијата е достапна на следниот линк https://telegram.me/emojiworldbot.