Creative
Од панелот „Дигитални разговори“: Дигитализацијата е патување, а не дестинација
На крајот од првиот ден, во завршницата на дел од „Дигиталниот самит на земјите од Западен Балкан“, на кој учествуваат членови на Владите на земјите од Западниот Балкан, претставници на Европската комисија, Советот за регионална соработка, претставници на ИТ индустријата и бизнис секторот, како и претставници на академската заедница и младите, беа организирани и дополнителни настани како панелот „Дигитални разговори“, како отворена сесија за различни теми од областа на дигитализацијата за сите заинтересирани учесници.
Учесниците на овој панел разговараа за потребата од следење на најновите трендови и тактики во дигитализацијата, бидејќи сè повеќе социјални интеракции, однесувања, одлуки, мислења и трансакции се дигитализирани и посредувани од онлајн платформи.
Една третина од вештините потребни денеска, веќе нема да бидат корисни за неколку години и дека дигиталното учење, ќе стане дигитално живеење во иднината, истакна Ана Алибегова, Директор за развој на програмите на Младиинформ Интернешнл, и нагласи дека дигиталните алатки константно се користат да ги трансформираат животите на младите.
Стефана Каревска, сениор-менаџер за советодавни услуги од Германија, во своето обраќање на темата посебен акцент стави на на 3Д-принтањето, и истакна дека оваа технологија дава целосна слобода во дизајнирањето на продукти, како и во самата производство. Оваа технологија има апликација во индустриската продукција, но сѐповеќе и во медицината. Таа констатираше дека земјите мораат да почнат да ги користат придобивките од широкиот спектар на дигиталните можности и вештини. Таа потенцираше дека најголемо внимание треба да му се посвети на образовниот систем.
На потребата од ефикасни образовни програми за интернет, дигитални технологии и комуникации се задржа и Никола Јовановиќ од Србија, кој работи како консултант за личен, тимски и организациски развој. Тој своето излагање го фокусираше на фактот дека во моментов образовниот систем се насочен исклучиво на процедури, а не на децата, и дека наставните програми се бавни и застарени. Заклучи дека образовните програми мора да се апдетјтираат со корисни, реални дигитални вештини.
Во текот на дебатата на овој панел, Линда Шомо, основач и извршен директор на EasyPay, истакна дека Балканските земји треба да имплементираат стратешки решенија на високо ниво со цел да создадат ефективни дигитални финансиски и банкарски сервиси и дека дигитализацијата е патување, а не дестинација.
На оваа тема, ви потрага по одговори на прашањата кои се важни за лицата со нови перспективи и идеи за управување, за разбирање на дигиталната економија и за нејзиното влијание врз современите општества, разговараа и Артиона Бого од Албанија, менаџерка за развој на бизнисот за Blockchain во САП, Горјан Јовановски, кој работи како лидер за развој во Booking.com и Нина Ангеловска, коосновач и извршна директорка на Grouper.mk и коосновачот на Digitalizuj.me.
Артиона Бого се осврна на блокчејн технологијата, и истакна дека оваа технологија е тука да помогне во демократизација на општеството и во дистрибуирањето на моќта на повеќе корисници, без централна контрола.
Во продолжение, Горјан Јовановски, креаторот на апликацијата „Мој Воздух” откри дека огромни количини на дигитални податоци се собираат секојдневно. Тој констатираше дека доколку овие податоци почнат масовно да се користат, тие можат да се трансформираат во корисни информации, кои понатаму би можеле да ги подобруваат животите на граѓаните.
Конечно, Нина Ангеловска која е коосновач и извршна директорка на Grouper.mk потенцираше дека развивањето на е-трговијата во Република Македонија е бавно и проследено со доста предизвици, но социјалните мрежи се клучот за зголемување на електронската трговија и зголемување на купувањата од страна на потрошувачите.