Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Освојте 1000 долари за 48 часа: Пријавете се на првиот хакатон за климатски промени во Македонија

Наука

Освојте 1000 долари за 48 часа: Пријавете се на првиот хакатон за климатски промени во Македонија

Како да се освојат 1000 долари за само 48 часа? Сите заинтересирани граѓани имаат можност да се пријават и да ја освојат наградата на многу едноставен начин.

Станува збор за првиот хакатон за климатските промени во Македонија на кој ќе можат да се предложат нови идеи и модули за надградба на апликацијата ‘Патувај Зелено’ – www.skopjegreenroute.mk

Победничката идеја ќе биде наградена со 1.000 УСД, наградата за второ место ќе изнесува 750 УСД, а за трето 500 УСД.

1 - Poster_Hakiraj Gi Klimatskite Promeni-SMALL

Хакатонот ќе трае 48 часа и ќе се одржи во Ценарот за Социјални Иновации – во склоп на Факултетот за информатички и компјутерски технологии (ФИНКИ), почнувајќи од 17:00 часот на 26ти јуни 2015.

Натпреварот е отворен и за поединци и за тимови. Единствениот услов за пријавување е во секој тим да биде вклучен барем еден Андроид програмер. Пријавувањето трае до 23-ти јуни.

По завршетокот на 48-часовен хакатон, 50% од гласовите ќе бидат доделени од експертско жири, додека другите 50% од гласовите ќе бидат доделени од јавноста, преку социјалните медиуми.

Победничките решенија ќе бидат целосно развиени и ќе станат дел од Патувај Зелено 2.0.

Сите заинтересирани можат да аплицираат на следниот линк: http://hackathon.socialinnovation.mk

‘Патувај Зелено’, за прв пат беше пуштена во употреба во 2014 год, и ги снабдува сите кои се во движење во Скопје со најпотребните информации за да ја испланираат најбрзата, најевтината и најзелената рута до посакуваната дестинација, благодарејќи наGoogle Transit алатката. Апликацијата исто така нуди корисни информации за автобуски постројки и места каде што можат да се изнајмат велосипеди.

Настанот е во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје и ФИНКИ.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Наука

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.