Наука
Откриен џиновски праисториски носорог – најголемиот цицач што некогаш одел по Земјата
Во северозападниот дел на Кина научниците откриле нов вид на гигантски носорог, еден од најголемите цицачи што чекорел по Земјата.
Според научниците, овој гигантски вид живеел пред приближно 26,5 милиони години и тежел 21 тон, колку четири големи африкански слонови, а достигнувал висина од седум метри, доволно за да јаде од дрвјата, што го правело повисок и од жирафа.
Овие заклучоци се направени врз основа на фосили откриени во северната кинеска провинција Гансу.
„Тропските услови дозволиле огромниот носорог да се враќа на север во Централна Азија, што имплицира дека Тибет сè уште не бил високо плато“, вели Денг.