Наука
Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт
Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера на 65 години. Претходно, тој и соопшти на јавноста дека ракот што веќе еднаш го лекувал, му се вратил.
Тој и неговиот другар од детството, Бил Гејтс го основаа Мајкрософт во 1975 година. Ален бил извршен потпретседател за истражување и доусовршување до 1983., кога морал да ја напушти позицијата поради проблеми со здравјето, но сепак останал член на управата. И идејата за името на компанијата, била негова.
– Срцето ми е скршено од заминувањето на еден од моите најстари и најдраги пријатели, Пол Ален, изјави Гејтс.
Како страствен спортски навивач, Ален беше и сопственик на американските кошаркарски клубови Портланд и Сиетл.