Наука
Почнува екстерното тестирање на матурантите
Во средните училишта од денеска до 29-ти јануари ќе се спроведе екстерно тестирање на учениците во завршните години во средно образование.
Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за тестирањето се пријавени 19.931 матурант кои ќе полагаат тестови од два предмета. Распоредот со датумите за двете полагања учениците го знаат од 18 јануари, но предметите по кои ќе бидат тестирани ги дознаваат три дена пред денот на полагањето на конкретниот предмет. Прелиминарните резултати ДИЦ ќе ги објави на 8 февруари. Од 8 до 10 февруари ќе трае поднесувањето приговори.
За матурантите се опфатени 1.662 предмети. ДИЦ пред Нова година во отворен базен ги објави прашањата по сите предмети (за сите насоки на гимназиско, стручно и уметничко образование). До 8 јануари траеше можноста да се напише коментар, односно да се пријават грешки во прашањата. Од 306 поднесени коментари, 242 биле прифатени, 38 не биле и 25 биле нелогични.