Интернет
Повеќе од 1,5 милиони го „следат“ Медведев на Инстаграм
Бројот на корисници кои го „следат“ рускиот премиер Дмитриј Медведев на Инстаграм ја надмина бројката од 1,5 милиони, а тој се заблагодари со селфи, кое денеска го направи во фитнес центарот каде вежба.
„1,5 милиони! Благодарам на вниманието! Занимавајте се со спорт“, објави Медведев во коментарот под фотографијата.
Медведев првото селфи го сподели во јуни, кога имаше 400.000 следбеници. Таа фотографија имаше повеќе од 196.000 лајкови, пренесува ТАСС.
Медведев активно ги користи социјалните мрежи и има профили на Фејсбук, Твитер, Јутјуб, Инстаграм и на руската социјална мрежа Вконтакте.