Наука
РЕВОЛУЦИЈА НА „МЕКБУК“: Епл во новите лаптопи имплементира технологија на допир (ФОТО)
Епл вчеравечер го промовираше новиот „Мекбук Про“ кој според нив е најдобриот лаптоп кој е некогаш направен.
Епл претстави два нови „Мекбук Про“ лаптопи со димензии од 13 и 15 инчи. И двата уреди се видливо потенки и полесни од своите претходници, а со нив доаѓа и новиот „тракпед“, кој сега е поголем, додека тастатурата ја содржи новата генерација на т.н. „батерфлај“ технологии.
Најголемото „изненадување“ кај овој нов модел е ОЛЕД екранот на допир, кој додава нов начин за интеракција со компјутерот. Тој се наоѓа на местото на функционалните копчиња од претходните генерации и за разлика од нивната статична суштина, тој додава флексибилност, каква досега не сме сретнале кај лаптоп.
Се разбира, традиционално Епл го прави секој свој следен производ потенок од претходниот и сега 15-инчниот модел е дебел само 15,5 милиметри, а 13-инчниот модел – едвај 14,9 мм.
Во однос на конфигурацијата: 15-инчниот „Мекбук Про“ ќе биде придвижуван од i7 Intel процесор и графика Radeon Pro, која е 2,3 пати побрза од порано.
13-инчниот MacBook Pro ќе биде придвижуван од i5 и i7 процесори, а ќе содржи Iris Pro графика, за која Епл тврди дека е два пати побрза од онаа кај претходникот. 13-инчниот „Мекбук“ вклучува 8 GB RAM меморија, додека 15-инчниот 16 GB. Базните модели доаѓаат со 256 GB внатрешна меморија, но ќе има и верзии со повеќе простор.
Новите лаптопи ќе бидат достапни за продажба за две до три недели. Цената на 13-инчниот модел во САД е 1.799, а на 15-инчниот 2.399 долари.