Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Самсунг Галакси Ес10 се развива под кодното име „Бијонд“

Мобилни

Самсунг Галакси Ес10 се развива под кодното име „Бијонд“

Самсунг веќе започна со развој на моделот Галакси Ес10 и покрај фактот дека премиерата на паметниот телефон нема да се случи пред 2019 година.

Новиот уред ќе биде јубилеен на популарната серија а неговото кодно име е „Бијонд“. Потсетуваме дека Самсунг ќе продолжи да ја следи истата стратегија како досега и ќе го претстави официјално прво Галакси Ноут 9 во есен, што најверојатно ќе се случи на ИФА 2018 во Берлин, додека, Галакси Ес10 ќе биде прикажан првпат на почетокот на следната година.

Јужнокорејскиот производител планира да објави две верзии на паметниот телефон, при што премиум моделот ќе има поголем екран и помоќен хардвер, информира „Саммобајл“. Снабдувачите на компоненти веќе почнаа да произведуваат сензори за отпечатоци кои ќе бидат вградени во самиот дисплеј на Ес10. За да се избегнат проблеми, Самсунг ќе ангажира неколку различни компании да ја создадат оваа клучна компонента на паметните телефони за различните верзии што треба да се продаваат во различни региони.

Дизајнот на Галаски Ес10 ќе биде сличен на оној на неговите претходници и ќе биде изграден од алуминиум и стакло. Новиот модел повторно ќе го понуди „Инфинити дисплеј“, кој е заоблен од двете страни, но исто така ќе има и помоќен хардвер и двојни задни камери. Официјалната промоција веројатно ќе се случи во февруари или март следната година. Во наредните месеци, ќе дознаеме повеќе за еден од најочекуваните „Андроид“ уреди што ќе ги видиме во првиот квартал од 2019 година.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Мобилни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.