450.000 долари од седиште за лет во вселената!
Компанијата која започна да нуди вселенски туристички летови – „Вирџин галактик“ започна со продажба на вселенските летови, верувале или не, по цена од 450.000 долари од седиште.
Постојат три опции за заинтересираните потрошувачи, односно единечно патување, семеен пакет и опција за закуп на целиот лет.
Следниот вселенски лет е закажан за крајот на септември. Се работи за истражувачки лет, спроведен заедно со италјанското воено воздухопловство, а леталото ќе полета од Ново Мексико.