Sci-fi
Црна дупка тешка 20 милиони сонца снимена од Хабл телескопот
Според најновите информации од НАСА, Вселенскиот телескоп Хабл случајно снимил снимки на “залутана” црна дупка во непознат регион на Вселената. Оваа црна дупка, тешка 20 милиони сонца, се движи низ Вселената со толку голема брзина што, доколку би се наоѓала во нашиот Сончев систем, би можела да патува од Земјата до Месечината за само 14 минути.
Патувајќи низ вселената, црната дупка остава зад себе трага од новосоздадени ѕвезди. НАСА исто така откри дека појасот од ѕвезди долг 200.000 светлосни години, кој го остава зад себе црната дупка, е двојно поголем од дијаметарот на Млечниот Пат.
Претпоставката на НАСА е дека овој феномен најверојатно е резултат на галактички билијард меѓу три масивни црни дупки. Сепак, ова е само претпоставка, а НАСА не ја исклучува можноста да има и други фактори кои влијаат на овој необичен феномен.